Украина ги зголеми барањата за повеќе оружје од Западот, Москва претпазлива

Фото: МИА

Официјална Москва соопшти дека одлуката на Вашингтон да продолжи со снабдување на Украина со оружје и воена помош веројатно ќе ги поткопа шансите за успешни мировни преговори меѓу Русија и Украина.

„Испораките на оружје за Украина нема да придонесат за успехот на руско-украинските преговори“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред новинарите, одговарајќи на прашање за испораката на оружје од САД за Украина. Тој додаде дека тоа најверојатно ќе има негативно влијане.

Во меѓувреме украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ги повика земјите членки на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно во неговата битка со руските сили, додека неиспровоцираната инвазија на Владимир Путин врз Украина влезе во седмата недела на 7 април.

„Мојата агенда е многу едноставна. Има само три точки на неа. Нивното оружје, оружје и оружје“, им рече Кулеба на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел пред почетокот на денешниот состанок.

Тој повика на испраќање на повеќе авиони, системи за противвоздушна одбрана, ракети и воени возила од сојузниците на НАТО пред средбата со министрите за надворешни работи на НАТО. Кулеба, исто така, рече дека Украина ќе продолжи со барањата од Западот за ембарго за нафта и гас кон Русија.

„Ние ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго за нафта и гас“, изјави тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека НАТО разговара за тоа како да ја зголеми својата помош за Украина со „различно воено оружје“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера во своето обраќање предупреди дека руската војска ги зајакнува своите сили за нова офанзива на исток, каде што Кремљ соопшти дека целта е да го „ослободи“ Донбас, индустриското срце на Украина.

„Ќе се бориме и нема да се повлечеме. Ќе ги бараме сите можни опции за да се браниме додека Русија не почне сериозно да бара мир. Ова е наша земја. Ова е нашата иднина. И ние нема да се откажеме од нив“, изјави Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот