Володомир Зеленски / Фото: Profimedia

Украина до пролет ќе го поправи нафтоводот преку кој Унгарија добива руска нафта, Зеленски вели дека бил принуден од ЕУ

Нафтоводот „Дружба“ се поправа и се очекува да биде готов оваа пролет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека одговорноста за самото снабдување ќе биде на Европејците, пренесува Агенциа нова.

„Ќе ги завршиме поправките бидејќи тоа е договорот. Јас ѝ кажав на ЕУ дека ќе завршиме оваа пролет“, рече тој.

„Дружба“, кој испорачува руска нафта до Унгарија и Словачка преку украинска територија, беше оштетен во руски напад со дронови во западна Украина кон крајот на јануари, соопшти Киев. Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано тврдеше дека гасоводот е оперативен и дека Зеленски го држи затворен од политички причини за да влијае врз претстојните унгарски избори. Унгарија притоа го блокираше европскиот заем од 90 милијарди евра за Украина како одмазда.

Зеленски рече дека ако прашањето за транзитот на нафта остане поврзано со финансирањето за Киев, Украина ќе се согласи да го обнови нафтоводот „Дружба“. Тој кажа дека многу поправки веќе се извршени, но резервоарите за складирање уништени во нападот не можат брзо да се поправат, особено поради постојаните руски напади.

Зеленски претходно призна дека е принуден да го поправи контроверзниот нафтовод, сугерирајќи дека Европската Унија треба целосно да ги спроведе своите санкции врз Москва, и покрај притисокот од Унгарија.

„Принуден сум да го рестартирам ‘Дружба‘. По што се разликува тоа од укинувањето на санкциите за Русија? Дали продаваме руска нафта или не?“, кажа Зеленски во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот