Украдените кучиња на Лејди Гага се пронајдени живи и здрави: Коџи и Густав повторно во прегратките на пејачката

Instagram
Instagram

Кучињата на Лејди Гага се вратени кај пејачката во петокот вечерта, живи и неповредени, јавила полицијата во Лос Анџелес, пренесува Би-Би-Си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Непозната жена се сретнала со претставник на пејачката и детективите во полициската станица околу 18 часот и ги донела живи и здрави кучињата.


Жената која ги пронашла кучињата и се обратила до Лејди Гага да и ги врати. Идентитетот на жената и местото на кое се пронајдени остануваат тајна поради активната криминалистичка истрага и нејзина сигурност,  пишува во соопштението од полицијата.

Француските булдози Коџи и Густав се вратени кај пејачката, додека третото куче Мис Азија побегнало за време на пукањето кон Рајан Фишер (30), шетачот на кучиња на Лејди Гага. Кучето подоцна било пронајдено и не било повредено за време на нападот.

Полицијата сака да утврди дали напаѓачите ги украле кучињата знаеле на кој припаѓаат или само сакале да ги препродадат поради заработка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)


Лејди Гага на својот твитер – профил, напиша: „Продолжувам да те сакам Рајан Фишер, ти го ризикуваше својот живот борејќи се за нашето семејство. Ти секогаш ќе бидеш херој“.

И покрај тешките повреди шетачок на кучиња и чувар Рајан Фишер е во стабилна состојба, но сѐ уште е хоспитализран.

Лејди Гага понуди награда од 500.000 долари за да и бидат вратени нејзините миленици, која јавно ја објави на својот твитер – профил.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Објавена снимката од кражбата на кучињата на Лејди Гага: Се слушаат истрелите и како нејзиниот чувар бара помош

Застрелан шетачот на кучињата на Лејди Гага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот