Украдени 15 капаци од сливници на улиците Среќко Пужалка и Финска, минувачите изложени на опасност

Кражба на капаци од сливници, Фото ЈП „Водовод и канализација“

Отворените шахти и сливници се сериозна закана за здравјето и безбедноста на луѓето, особено во доцните вечерни часови кога видливоста е значително помала. Ваквата состојба најчесто е последица на крадењето на капаците на шахтите и на решетките на сливниците, од страна на несовесни граѓани, кои украдените делови ги користат за свои лични потреби или пак ги продаваат во отпадите за старо железо за ситен профит.

Ваквите отворени шахти и сливници, можат да се забележат насекаде во градот. Последен пример на кражба на  околу 15 решетки за сливници имаше на улицата Среќко Пужалка и на улицата Финска.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ 10 решетки на сливници се украдени долж улицата Среќко Пужалка а пет на улицата Финска.

– Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок – велат од ова јавно претпријатие.

Оттаму апелираат до граѓаните на Град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена.

– Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот – децидни се од ЈП „Водовод и канализација“. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот