УКИМ избра ректор со тесна разлика по тајното гласање
Професорите на најстариот и најголемиот универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, денеска повторно ја избраа актуелната ректорка, Билјана Ангелова, на функцијата. Според изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени.
Препорачано
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор – Ангелова и Дарко Данев.
Ангелова, како што се наведува во Записникот, освоила 2.924,125 поени, а д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, освоил 2.675,875 поени.
Мандатот на ректорот, нагласува изборната комисија, трае три години, од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година.
Се гласаше на 23 факултети и на пет институти во состав на УКИМ. Гласањето започнало и завршило во предвиденото време, а според доставените записници и извештаи на Изборните комисии на единиците, не се констатирани неправилности и проблеми.
Биљана Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет.
Во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде во континуитет се избира во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.


