Фото: генерирана фотографија / илустрација

УЈП им бара данок на студентите за целата заработка од „Ворк енд травел“ во Германија

По бројните реакции од студенти кои работеле сезонски во Германија како дел од програмата „Ворк енд травел“, студентската платформа „Студентарија“ соопшти дека побарала официјален одговор од УЈП, а оттаму велат дека сите студенти кои работеле во Германија, ѝ должат пари за данок на Македонија, и тоа за целата заработена сума.

Од УЈП појаснуваат дека доходот остварен од сезонска работа во Германија подлежи на оданочување во Македонија, односно дека се разгледува вкупниот доход (целата заработка), а не само повратот на данокот, како што претходно се шпекулираше.

„Дополнително, повикувајќи се на договорот за избегнување на двојно оданочување со Германија, УЈП објаснува дека доколку студентите престојувале во Германија помалку од 183 дена („Студентарија“ забележува дека сите што се на „Ворк енд травел“ престојуваат помалку од 183 дена), доходот треба да се оданочи во Македонија, што, според УЈП, е и причината поради која германските власти вршат поврат на платениот данок.

Во однос на постапката, од УЈП информираат дека студентите имаат обврска да поднесат електронска пресметка (е-ПДД) за доходот од странство и да достават соодветна документација, по што се утврдува евентуалната даночна обврска. Темата предизвика голема конфузија кај студентите, особено поради различните информации што ги добивале.

Студентите кои биле во Германија за да заработат, а некои од нив се вратиле одамна и таа заработка ја потрошиле, сега мораат да ѝ платат на УЈП данок, како да работеле во Македонија.

„Празна ви е касата, затоа даночите”: Печалбарите од Куманово бараат УЈП по службен пат да си ги обезбеди потврдите за платен данок од Ирак и Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот