Угина германскиот овчар Чемп, миленикот на семејството Бајден

Претседателот на САД, Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден соопштија дека нивниот домашен миленик, германскиот овчар Чемп угинал, пренесува Гласот на Америка.

„Со тага во срцата соопштуваме дека нашиот сакан германски овчар Чемп угина во мирот на својот дом. Беше наш постојан сопатник во последните 13 години, и беше обожуван од целото семејство“, се наведува во соопштението на семејството Бајден.

Во соопштението, исто така, се наведува дека здравјето на Чемп се влошило во последните неколку месеци, но и покрај тоа тој мафтал со опашката и му се умилкувал на секој кој ќе влезел во собата каде што престојувал.

„И во најсреќните и во најтажните денови, беше со нас и покажуваше разбирање за нашите чувства. Го сакаме своето драго и добро „момче“ кое засекогаш ќе ни недостасува“, наведуваат со своето соопштение Џозеф и Џил Бајден.

Во Белата куќа, заедно со семејството Бајден се веселија и нивните две домашни миленичиња, кучињата Чемп и Мејџор. Чемп беше дел од семејството уште од 2008 година, а Мејџор од 2018 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот