УЕФА немаше милост: Жестоко го казни Партизан
Фудбалскиот клуб Партизан ќе се соочи со сериозни последици поради недоличното однесување на дел од своите навивачи за време на натпреварите против украинската Олександрија и шкотскиот Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига.
Препорачано
Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече казна од речиси 100.000 евра, а дополнително, клубот ќе мора делумно да ја затвори источната трибина, околу 10.000 седишта на својот следен натпревар на домашен терен во европските натпреварувања.
Причина за санкцијата се сериозни прекршоци од страна на навивачите: фрлање тврди предмети на теренот, палење пиротехника, употреба на ласери, расистички и дискриминаторски изливи, како и поставување транспаренти кои не се дозволени според правилникот на УЕФА.
Доколку Партизан не обезбеди пласман понатаму и не одигра уште еден натпревар дома оваа сезона, казната ќе биде префрлена за следната европска кампања.
Црно-белите утре го играат реваншот од третото квалификациско коло против Хибернијан, откако во првиот натпревар во Белград загубија со 0:2 и сега се соочуваат со тешка задача за пласман понатаму.


