УЕФА ја казни ФФМ поради прекршување на корона протоколите на Евро 2020

фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни со 10.000 евра фудбалската федерација на Македонија поради прекршување на корона протоколите за време на Европското првенство.

УЕФА не објави детални информации зошто е изречена казната туку наведува дека имало „лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот“. ФФМ доби рок од 90 дена за да ја плати казната.

Фудбалската репрезентацијата на Македонија на дебитанскиот настап на едно Европско првенство, своите натпревари ги играше во два града, Букурешт и Амстердам. Во првите две кола, фудбалерите настапија во Букурешт против Австрија (3:1) на 13. јуни и против Украина (2:1) на 17. јуни. Последниот трет натпревар во рамки на групата Ц, репрезентацијата го одигра во Амстердам на 21. јуни против Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот