EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Удар за Роналдо: Португалецот ги затвора хотелите поради коронавирусот

Ѕвездата на Јувентус и на португалската репрезентација се соочува со големи проблеми во бизнисот.

Имено, неговиот ланец на хотели во Португалија се празни или полупразни поради што веќе фудбалерот направи очајнички потег, цената за едно ноќевање од 150 евра ја намали на 70 евра.
Кризата е предизвикана поради пандемијата на коронавирусот која го намали бројот на туристи не само во Португалија туку и во целиот свет поради ограничувањата кои ги носат здравствените власти.

Веќе еден од хотелите на Роналдо, тој во родната Мадеира е затворен неколку месеци, но трошоците за одржувањето и за платите и понатаму ги подмирува фудбалерот на Јувентус.

Поради тоа, според португалските медиуми, Кристијано Роналдо се наоѓа пред важна одлука и најверојатно ќе мора да затвори дел од хотелите, да отпушти одреден дел од вработените, а на тие што ќе останат на работа ќе им ги намали платите.

 

Пандемијата на коронавирусот му го уништи и новите бизнис планови, тој со пријател сакаат да отворат ланец на хотели и во Мадрид и во Манчестер каде што Роналдо со огромен успех настапуваше за Реал и за Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот