Ученикот Владимир Грчев од Кочани освои златен медал на Европска олимпијада по информатика
Владимир Грчев од Кочани, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади во Шумен, Бугарија. Натпревар започна на 29 август, а ќе заврши на 4 септември.
Препорачано
Во Шумен се наоѓаат најдобрите млади програмери од повеќе од 20 европски држави со по четири натпреварувачи. Со овој успех Владимир се вброи меѓу најуспешните млади информатичари во Европа.
Момчето од Кочани е трикратен државен првак по информатика и има освоено сребрен и два бронзени медали на македонските олимпијади по информатика. Во 2025 година, Владимир го освои златниот медал на 29-та Македонска јуниорска олимпијада по информатика, а потоа и златото на Македонската јуниорска математичка олимпијада.
На меѓународната сцена, Владимир Грчев до сега се има закитено со сребрен медал на Балканската олимпијада по математика за млади. Освојувач е и на две бронзени медали на јуниорската Балканска олимпијада по информатика и на еден бронзен медал на Европската олимпијада по информатика.
Грчев е член на националните тимови по информатика уште од 6-то одделение и зад себе има бројни други национални и меѓународни награди и признанија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
45мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


