ФОТО: Наши ученици се закитија со сребро и со бронза на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар
Младите македонски информатичари Марко Кренков и Владимир Грчев освоија сребрен, односно бронзен медал на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24 до 30 октомври се одржува во Ларнака, Кипар. Зоран Илијоски и Јаков Грујовски од олимпијадата се враќаат со олимписка пофалба. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за …

