Убедлив пораз за Македонија од Норвешка на стартот од Светското првенство

Фото: РФМ

Македонската репрезентација претрпе убедлив пораз од Норвешка во првиот натпревар на Светското првенство со 38:27.

Беше Норвешка фаворит и пред натпреварот, но храбрата Македонија тргна добро и беше достоен противник во најголем дел од првото полувреме. Се играше изедначено се до 9:9 кога по едно наше исклучување на Мартин Серафимов Норвешка започна да го покажува квалитетот.

Томислав Јагуриновски кој беше одличен до тој момент се повреди во последните минути од првиот дуел, а таа негова повреда се поклопи и со нашиот пад во играта. Почнавме да промашуваме во нападот и Норвешка тоа го казни па на пауза замина со 18:11.

Во ниту еден момент од второто полувреме високата предност на Норвешка не беше доведена во прашање, па отворено беше само прашањето со колкава разлика ќе слават Норвежаните. Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Талески со шест гола, го следеше Дејан Манасков со пет реализации, додека Филип Кузмановски и Костадин Петров погодија четири пати.

Следниот натпревар Македонија го игра против Холандија во недела од 18:00 часот, додека во вторник ќе игра против Аргентина исто така од 18:00 часот.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Германија – Катар 31:27

Данска – Белгија 43:28

Хрватска – Египет 22:31

Србија – Алжир 36:27

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот