Уапсено десеттото лице вмешано во терористичкиот напад во Москва, обезбедил пари за сместување на терористите

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Басманскиот суд во Москва му одреди притвор до 22 мај на десеттото лице, државјанин на Таџикистан, вклучено во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол во близина на Москва, пренесува РИА Новости.

Според информациите, станува збор за Јакубџони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад префрлил пари на соучесник преку неговата банкарска картичка „за да обезбеди сместување за терористите“.

Дел од средствата му префрлил на еден од сторителите по терористичкиот напад.

Јусуфзода на сослушувањето рекол дека работел како дневен работник на градилиште.

Главниот дел од судењето беше затворен за јавноста на барање на истражителите.

Сите десетмина уапсени се теретат дека извршиле терористички напад во кој имало смртни случаи, за што според рускиот кривичен закон е предвидена казна доживотен затвор.

Јусуфзода бил уапсен на 26 март и му бил одреден 12 дневен притвор поради непочитување на полициските наредби при проверка на документи.

Во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол на 22 март, според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, загинаа 144 лица.

Инаку Русија најави тужба за Украина за нејзината улога во терористичкиот напад врз Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за првиот канал на националната телевизија.

Русија ќе ја тужи Украина пред меѓународниот суд поради терористичкиот напад во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот