Уапсени поранешен хрватски пратеник и неговиот син – од лажни ковид тестови заработиле 450.000 евра
Во фабрика во Истанбул биле произведени 1,3 милиони лажни тестови кои биле прикажани како оригинални и биле увезени во Хрватска преку нивна фирма, а потоа биле продавани во Хрватска, Грција, Романија, Австрија., Шпанија и во Германија.
Обвинителството во хрватскиот град Вараждин подигна обвинение против двајца, татко и син, под сомнение дека организирале производство на над 1,3 милиони лажни ковид тестови во Турција и ги продавале ширум Европа, при што оствариле нелегална финансиска добивка од околу 450.000 евра, објави snm.rs.
Препорачано
Обвинителството наведе дека е подигнато обвинение против 26-годишен и 66-годишен маж поради фалсификување лекови или медицински производи и перење пари.
Обвинителството не ги објави имињата на осомничените, но според хрватските медиуми, станува збор за син и татко, Филип и Анѓелко Михалиќ. Таткото е поранешен пратеник од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
Според обвинението, тие од 26 август 2022 до 25 мај 2023 година организирале производство на лажни ковид тестови. Во фабрика во Истанбул биле произведени 1,3 милиони лажни тестови кои биле прикажани како оригинални и биле увезени во Хрватска преку нивна фирма, а потоа биле продавани во Хрватска, Грција, Романија, Австрија., Шпанија и во Германија.


