Уапсени четири лица осомничени за инволвираност во вчерашното пукање во Клиничката болница Тетово

фото: Слободен печат

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.

„За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Инаку вистинска драма вчера се одвиваше во Тетово.

Дел од учесниците во инцидентот попладнето во Основниот суд Тетово имале судско рочиште. По завршувањето на рочиштето, двете групи едната од село Гајре, а другата од Тетово започнале физичка пресметка пред судот. Едната група од Гајре поради здобиените повреди во тепачката се упатила во Ургентниот центар да им се пружи лекарска помош, но пред болницата била пресретната од другата група кои пукала кон нив нанесувајќи има на две лица прострелни рани.

По лекарската интервенција во Ургентниот центар во Клиничката болница Тетово поради сериозноста на повредените пациентите се пратени на скопските клиники.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити вели дека пукањето кое вчера доцна попладнето се случи пред тетовската клиника било поради нерешени проблеми и случајно се случило таму. Двајцата повредени, според информациите кои ги добил од директорот на тетовската болница, се префрлени на скопските клиники.

Фатмир Меџити – министер за здраство / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

„Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР“, вели Меџити.

ВИДЕО | Драма во Тетово: Имале судско рочиште, но сметките ги расчистувале со тепање пред суд, и пукање во тетовската болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот