Фото: Телма / скриншот / архива

Уапсена е говедарката од Кривопаланечко, пак не пуштала вработени во АХВ да ги заловат кравите

Говедата слободно се движат и влегуваат во нивите и дворовите на други луѓе и прават штета, па АХВ се обидува да ги залови бидејќи сопствениците немаат каде да ги приберат

Полицијата соопшти дека е уапсена 28-годишната Ј.Ѓ. една од сопственичките на стотиците грла говеда кои се движат слободно во околината на Крива Паланка.

Таа била приведена во месноста Калин Камен, откако вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја пријавиле дека ги спречувала да заловат дел од кравите кои се во сопственост на нејзиното семејство, кое ги „чува“ пуштени во природа.

Ова со години е проблем во повеќе села во околината, каде говедата слободно се движат и влегуваат во нивите и дворовите на други луѓе и прават штета.

„Ј.Ѓ. е задржана во полициска станица, а против неа ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

АХВ на крајот на минатиот месец соопшти дека заловила 92 од спорните крави, но и дека 20-тина од заловените говеда угинале, што отвори прашања за условите во кои државната агенција ги чува животните. АХВ тогаш како причина за угинувањето го наведе тоа што говедата не биле научени да живеат во затворен простор.

Дваесетина од кравите заловени во Кривопаланечко пцовисале, АХВ вели: Не можат да живеат во затворен простор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот