Уапсен познат српски естраден менаџер, во неговиот стан пронајдени дрога и оружје

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Новак Радин, познат српски естраден менаџер, е уапсен пред три дена во Белград, под сомнение дека продавал кокаин, како и затоа што во станот во кој живее незаконски чувал пиштол и муниција од различен калибар.

При полициската акција пронајдени се околу 50 грама кокаин и околу половина милион динари, како и недозволено поседување пиштоли и муниција од различен калибар.

Како што неофицијално дознава српски „Курир“, Радин на рочиштето тврдел дека кокаинот бил за негова лична употреба, а му бил потребен за да остане буден поради работата.

Радин е пријател со бројни јавни личности, а со некои од нив соработува од јавната сцена со години.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На неговиот профил можете да видите фотографии со луѓе како што се Лепа Брена, Дадо Полумента, Теодора Џехверовиќ, Ненад Алексиќ Ша, Андреана Чекиќ, Дарко Лазиќ, Јелена Карлеуша, Сандра Африка, Џани, Гастоз, Ивана Николиќ, Гога Секулиќ, Милица Тодоровиќ, но и многу други.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Го следат бројни познати личности, па јасно е дека многумина се шокирани од оваа информација за неговото апсење и едвај чекаат нови детали. Неодамна најмногу објавуваше фотографии со популарната пејачка Андреана Чекиќ, па се претпоставува дека ѝ бил особено близок.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот