Уапсен маж кој силувал 13-годишно девојче во Србија

И.А. (38) од Белотиќ ја искористил довербата на девојчето (13), кое го познавал затоа што работел за нејзиниот татко, и ја извадил од прославата, по што ја силувал.

Девојчето било на прославата во Богатиќ, каде што бил и осомничениот. Мажот и девојчето се познаваат од порано, бидејќи осомничениот е вработен кај нејзиниот татко.

Девојчето ќе биде сослушано пред обвинителот, каде ќе раскаже што се случило во кобната ноќ, а осомничениот предатор ќе може да ја претстави својата одбрана пред обвинителот.

По неколкучасовно интензивно пребарување, полицијата во Богатиќ доцна синоќа го уапси И.А. од селото Белотиќ, под сомнение за сексуална злоупотреба на девојче од истото место за време на прослава.

Се сомнева дека И. А. најпрво се забавувал со девојчето за време на прослава, по што ја намамил девојката надвор од салата, а потоа ја нападнал и силувал во напуштениот двор во близина, по што побегнал. Случајот бил пријавен во полиција околу 23 часот, по што започнала потрагата по И.А., кој побегнал во непознат правец. По неколку часа криење тој се вратил во својата куќа каде полицијата го уапсила. Од страна на полицијата е одреден притвор до 48 часа, а утре со кривична пријава ќе биде донесен во Вишото јавно обвинителство во Шабац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот