Уапсен кочанец, со ловечка пушка усмртил куче

Фото: МИА

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера го лишиле од слобода Ј.М.(64) од Кочани, бидејќи околу 12.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа, на место викано „Копачите”, атар на Кочани, со ловечка пушка усмртил куче.

Ловечката пушка „Црвена застава” калибар 16 мм била одземена, а увид извршила екипа од ОВР Кочани.

По документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот