ВИДЕО: Уапсен е сопственикот на сплавот што потона во Белград заедно со уште три лица

Фото: Твитер

На социјалните мрежи вирална стана снимка од апсењето на осомничените за потонувањето на сплавот „Картел“ што се случи пред неколку дена во Белград.

Поточно, сплавот „Картел“ потона во ноќта меѓу 23 и 24 декември. Поради сомнение за кривичното дело – предизвикување општа опасност уапсен е сопственикот и уште три одговорни лица.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, УКП, Оддел за истрага за експлозии, пожари и несреќи во соработка со Првото основно јавно обвинителството, привеле четири лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност.

В.М.(45), А.Е.(42), М.М.(37) и Н.Б.(33) се уапсени и се осомничени дека дозволиле присуство на повеќе од дозволениот број посетители на сплавот „Картел“ во вечерните часови на 23 декември поради што потонал овој угостителски објект.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот