Бујар Дардишта

Уапсен е Бујар Дардишта од ДУИ заедно со десетмина други

Во полициска акција, која била спроведена ноќека на повеќе локации во Скопје и во Куманово, уапсен е поранешниот директор на Управата за водење на матични книги од ДУИ, Бујар Дардишта и десетмина други.

Акцијата ја спровеле МВР и ОЈО ГОКК. Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на наводна организирана криминална група осомничена за корупција и економски криминал.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности“, соопштија од Обвинителството.

Неофицијално, при претресите досега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

Дардишта беше актуелен во јавноста пред само една недела, како претседател на организацискиот совет за големиот митинг за поддршка на командантите на косовската УЧК во Скопје.

Тој стана познат во јавноста во 2021 година, кога државната ревизија откри дека во 2019 година, кога тој беше директор на Управата, биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Ревизијата тогаш покажа и дека има кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп, односно ДЗР утврди дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.

Никој не е казнет, а згрешени се 21.957 изводи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот