Уапсен е 90-годишниот маж кој застрела пет жени — од Атина сакал да се качи на траект за Италија

Во Атина е уапсен 89-годишен маж осомничен за вооружен напад врз две државни институции, при што пукал во канцеларија за социјално осигурување и во зграда на суд, а во инцидентите се повредени петмина граѓани, соопштуваат грчките власти, додека истрагата за мотивите е во тек, објави „Катимерини“.

Тој е уапсен во западниот пристанишен град Патра, од каде што планирал да се качи на траект за Италија.

Петте жени што ги застрелал се префрлени во болница и се надвор од животна опасност, соопштија здравствените власти.

Според информациите од истрагата, напаѓачот првин отворил оган во канцеларијата за социјално осигурување во центарот на Атина, каде ранил еден вработен, по што побегнал од местото на настанот. Набрзо потоа, тој се појавил пред зграда на суд, каде повторно пукал и предизвикал нови повредувања и паника.

Мотивот за нападите не е јасен. Државната телевизија ЕРТ цитираше роднина на наводниот стрелец кој рече дека човекот, за кој наводно имало историја на ментални заболувања, бил вознемирен што му било одбиено барањето за државна пензија.

Осомничениот бил пронајден во хотел во близина на автобуската станица на долги релации во Патра откако вработените го препознале од фотографиите прикажани на вестите, а полицајците што го уапсиле му конфискувале пиштол пронајден во негова сопственост.

Наводно, тој им рекол на вработените во хотелот дека „ќе слушнат за него во вечерните вести“.

Полицијата соопшти дека прво влегол во канцеларија за социјално осигурување кратко по 10 часот наутро, со пушка скриена под палтото и отворил оган, лесно повредувајќи една вработенљ.

Потоа со такси се упатил кон Апелациониот суд, некако пробивајќи го обезбедувањето на зградата со пушката. Таму застрелал уште четири жени вработени во судот, соопшти полицијата.

Осомничениот избегал од местото на настанот, оставајќи го оружјето на шанк. Сведоците рекле дека оставил и плик со белешки, кои наводно содржеле упатувања на неговите неуспешни обиди да добие грчка државна пензија.

ВИДЕО | Драма во Атина: 90-годишен напаѓач ранил неколку луѓе со пушка, полицијата го бара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот