Уапсен Црногорец во Варшава по налог од Литванија – обвинет е дека шпионирал за Кина
Обвинителството побарало да му биде одреден притвор од седум дена. Полското Обвинителство денеска соопшти дека на 9 февруари бил уапсен и еден државјанин на Белорусија кој шпионирал за белоруските разузнавачки служби.
Полското Централно истражно биро на меѓународниот аеродром во Варшава уапси 32-годишен државјанин на Црна Гора врз основа на европски налог за апсење издаден од Литванија, под обвинение дека во таа земја шпионирал за Кина, јави денеска полскиот јавен ТВ сервис ТВП.инфо.
Препорачано
Според сознанијата на властите во Вилнус, тој маж од февруари 2023 година нелегално собирал информации за Кина на територијата на Литванија.
Обвинителството побарало да му биде одреден притвор од седум дена. Полското Обвинителство денеска соопшти дека на 9 февруари бил уапсен и еден државјанин на Белорусија кој шпионирал за белоруските разузнавачки служби.
Тој се товари дека од јуни 2024 до февруари оваа година собирал информации за критичната инфраструктура во Полска, Литванија и Германија, а бил уапсен благодарение на соработката меѓу нивните полиции.
Нему му е одреден притвор од три месеци и според полските закони му се заканува казна затвор до пет години.
Полските аналитичари потсетуваат дека за време на војната на Русија против Украина во 2022 година од земјите на Европската Унија биле протерани 700 руски дипломати за кои безбедносните служби оцениле дека најверојатно биле агенти под прикритие со дипломатски статус.
Потоа собирањето информации за Русија за критичната цивилна и воена инфраструктура и саботажите го презеле цивили од разни земји, дури и од Јужна Америка, регрутирани и плаќани за „еднократна употреба“.


