Фото: ffm.mk

У17: Македонските фудбалерки триумфираа над Луксембург во квалификациите за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години славеше победа против Луксембург (2:0) за втора победа на квалификацискиот турнир за ЕП – Б лига, кој се игра во Струмица. Лана Спасовска во 17 минута од натпреварот погоди за водство на Македонија од 1:0, а девет минути подоцна Лаила Балла ја удвои предноста, поставувајќи го и конечниот резултат.

Нашата селекција, на отворањето на турнирот запиша победа против Грузија, а младите фудбалерки третиот меч од квалификациите ќе го одиграат против Северна Ирска на 6 март од 13.00 часот во Струмица.

Македонија до 17 години: 1. Е. Вељановска, 11. Б. Алиеска, 5. Е. Наневска (59` Мацевска), 3. Л. Мицовска, 2. Б. Фида, 9. Е. Наумовска (85` Речи), 10. А. Цветковска, 13. Е. Ивковиќ (74` Ивковиќ), 20. Л. Спасовска (59` Лазеска), 19. Л. Белла (74` Каранфиловска), 7. Р. Пецева; Селектор: Катерина Милеска

По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург се без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот