Тутунскиот комбинат – Прилеп одбележува 150 години постоење

Фото: МИА

Во прилепскиот тутунски комбинат пригодно се одбележува 4 април – Денот на тутунските работници, а Комбинатот годинава одбележува и значаен јубилеј – 150 години постоење.

Комбинатот се вбројува како најстара активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот. Формиран е 1873 година со изградбата на првиот магацин за тутун од Отоманската управа на Монополот. Оттогаш до денес, доживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.

До 1955 година примарна дејност била откупот и обработката на висококвалитетен ориенталски тутун, од типовите „прилеп“ и продажба а познати светски компании. Потоа, Комбинатот навлегува во бизнисот на производство на цигари. Во 2014 година прилепскиот тутунски комбинат склучи договор за стратегиско партнерство со „Филип Морис“ и е формирана заедничка компанија „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“.

По две децении, како еден од најголемите загубари, прилепскиот Тутунски комбинат првпат покажа позитивни резултати во 2019 година. Со над два милиона евра, Комбинатот ја заврши и ланската, 2022 година.

Во овој период се забрзани подготовките за новата производствена година и склучувањето договори со кооперантите за новата реколта тутун. Тутунопроизводителите продолжуваат со садењето на оваа култура, најзастапена во Прилепско – пелагонискиот регион и очекуваат исплатливоста да остане за да опстане и производството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот