Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ на Жан Жене

Актерите во претставата „Слугинки“ / Фотографија: Турски театар

Националната установа Турски театар во Скопје на 5 јули (среда), во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ од Жан Жене во режија на Сибел Абдиу.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Селпин Керим, Џенап Самет и Дин Ибрахим.

Во авторската екипа што е вклучена во подготовката на претставата се кореографот Александра Кочовска – Начева, композиторот Албин Сопа, сценографот Ујза Жури, костимографот Диелза Минци и визуелниот уметник Љуљзим Луиџи Бејта.

Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија во Скопје и се изведува со титл на македонски јазик, известија од НУ Турски театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот