Турски министер: Очекуваме земјотрес од 7,5 степени во Истанбул

Според Сојлу, владините агенции имаат редовни средби со 28 групи кои се формирани со цел подготовка на земјотресот со јачина од 7.5.

Турската влада сериозно се подготвува за да се справи со евентуален силен земјотрес во Истанбул. Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу за Си-Ен-Ен Турк даде загрижувачка изјава.

-Ние очекуваме Истанбул да биде погоден од земјотрес со магнитуда од 7.5 степени според Рихтеровата скала. Сериозно работиме на веројатноста за такво сценарио, истакна Сојлу.

Оваа изјава следи по силниот земјотрес од 6.8 степени што ја погоди провинцијата Елазиг во петокот вечерта, со епицентар во малиот крајбрежен град Сиврице.

Министерот потсети на земјотресот во минатиот септември во Истанбул, кој што беше со магнитуда од 5.8 степени. Според него, уште оттогаш, власта се подготвува за сценарио во кое најголемиот град во државата би можел да биде погоден од уште посилен земјотрес.

Според Сојлу, владините агенции имаат редовни средби со 28 групи кои се формирани со цел подготовка на земјотресот со јачина од 7.5. Во земјотресот во петокот, загинаа најмалку 41, додека 1.607 лица беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот