Турски функционер поднесе оставка по обвинувањата за корупција од страна на Седат Пекер

Караџа и Декер/ Фото Јутуб принтскрин

Висок член на владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган поднесе оставка по низа обвинувања за корупција изнесени преку социјалните мрежи од страна на „бегалскиот криминален бос“, Седат Пекер, пренесува Гардијан.

Осудениот криминалец Седат Пекер стана познат во турската јавност, откако на социјалните мрежи објави видеа против високи членови од тимот на Ердоган за низа „скандали“, од мито до шверц на дрога, па дури и за убиство.

Се верува дека Пекер се крие во Обединетите Арапски Емирати, а неговиот раскошен имот во Истанбул беше конфискуван минатата недела. 51-годишниот отворено признава дека е нарко бос и вели дека има наредени инкриминирачки докази на неговиот телефон против службеници кои наводно се занимаваат со турското подземје. Повеќето од неговите видеа собираат милиони прегледи.

Неговите последни објави на Твитер минатиот викенд обвинија низа функционери дека барале мито од компании кои тргуваат на берзата. Еден од нив се однесуваше на Коркмаз Караџа, извршен директор во АКП и член на претседателскиот одбор за економска политика.

Карача на Твитер рече дека „тековната кампања за линч на неморални тролови на социјалните мрежи“ му штети на неговото здравје и го уништува неговиот семеен живот. „Овој линч, кој стигна до мојата убава ќерка и сопруга, повторно стана закана за моето здравје. Поради овие причини, поднесувам оставка од мојата функција“, рече тој.

Тој ги отфрли обвинувањата и рече дека никогаш не ги сретнал луѓето што ги спомна Пекер.

Уште еден советник на Ердоган, спомнат од Пекер, поднесе оставка минатата недела.

Популарноста на Пекер делумно произлегува од неговите ораторски вештини и неговото слободно признавање дека тој е виновен за многу од истите злосторства во кои ја обвинува владата дека е вмешана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот