Туристите се добредојдени, но мора да ги почитуваат мерките

– Грција е сигурна земја, а во голем број случаи, жал ми е ова што го кажувам, побезбедна и од вашите земји, вели грчкиот министер за туризам Теохарис.

Грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис, ги повика туристите престојното лето да ја посетат Грција, но напомена дека ќе мора да се придржуваат до мерките кои ги спроведува грчката влада во однос на спречување на ширењето на корона вирусот како што е социјалното дистанцирање.

-Сакаме гостите да дојдат во Грзија. Секако, ќе ги преземеме неопходните мерки на претпазливост, како пред патувањето така и за време на престојот. Ќе се применуваат правила за социјално дистанцирање.

Тој додава и дека во Грција туристи доаѓаат повеќе од 50 години и истакна дека и понатаму ќе го покажат своето гостопримство.

Туристите, како што истакна, треба да се чувствуваат безбедни во Грција, бидејќи земјата ќе преземе строги мерки на претпазливост.

– Грција е сигурна земја, а во голем број случаи, жал ми е ова што го кажувам, побезбедна и од вашите земји, вели тој за британското државно радио.

Министрите за туризам на членките на ЕУ денеска се состануваат за да разговараат за повторно покренување на економските гранки и опоравување на туристичкиот сектор од последиците предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот