Турција продолжи со потрагата по гас во спорниот дел од Медитеранот

 Турција издаде нов навигациски телекс, Навтекс, за подрачјето од Источен Медитеран каде што турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис” ќе ја спроведува својата работа до 29 ноември, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според најавата, мисијата ја продолжува работата за осум дена што ќе ја спроведе бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис”.

Според соопштеното, бродовите „Атаман” и „Џенгизхан” ќе продолжат да го придружуваат „Оруч Реис”.

​​​​​​​Навтекс е поморски комуникациски систем кој им овозможува на бродовите да ги информираат другите пловила за нивното присуство во одредена област, како и за приложување други информации.

„Оруч Риес” ќе спроведе разни геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, како и потрага по природни ресурси.

Одлуката на Анкара да истражува гас во спорните води на Медитеранот предизвика тензии со соседна Грција и Европската унија.

Грција и Турција, сојузнички во НАТО, обете тврдат дека имаат право на истата област во источен Медитеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот