Амнестија за казните за ковид-19 мерките, нема место во затворите

Коронавирус ковид-19 Македонија болница 8 септември
Жена со маска пред болница осми септември / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Граѓаните кои добија казни поради прекршување на ковид-19 мерките за време на пандемијата, а потоа и одбија да ја платат казната, ќе бидат амнестирани бидејќи нема место во затворите. Министерот за правда Никола Тупанчески за „360 степени“ вели дека предлогот дошол од Основниот кривичен суд од Скопје а тие го прифатиле. Решението е спремно за гласање во Собранието.

Според анализите на владиниот ресор, амнестијата ќе ослободи над 1 200 лица. Според министерот Тупанчески прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.

Но, ако се амнестираат сите што не си ја платиле казната, што ќе се случи со оние кои биле доволно одговорни барем да си ја платиле казната во државниот буџет? Често, сумите на казните беа од 1 000 до 2 000 евра. Прашан, дали на тие што платиле ќе им бидат вратени парите, министерот Тупанчески одговори дека фокусот сега е на друго место.

Амнестијата се однесува на оние на кои паричната ќе им биде трансформирана во казна затвор. Оние кои веќе ја платиле изречената казна е прашање за кое може да се размислува, но фокусот е на лицата на кои паричната казна би им се трансформирала во затворска казна, вели Тупанчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот