Тунтев: Меѓународниот аеродром Скопје ќе остане оперативен во случај на потреба од изведување на воени, полициски, медицински и специјални летови

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, АЦВП Томислав Тунтев во телефонско јавување на „Утрински брифиг“ на „Слободна ТВ“, кажа дека при кризна состојба услугите на воздухопловот се користат за достава на лекови или намирници.

-Меѓународен аеродром Скопје ќе остане оперативен во случај на потреба од изведување на воени, полициски, медицински, специјални летови. При постоење на кризни ситуации многу често специјализираните услуги со воздухоплови се користат за достава на лекови, намирници итн. Во карго сообраќајот, во неговото одвивање сите земји во светот полагаат надеж за успешна борба против Корона вирусот. Тој кај нас останува во функција, изјавиТунтев..

Околу прелетите над Македонија, Тунтев вели дека тие се драстично намалени.

-На дневна основа добиваме информации. Од понеделникот има фрапатни податоци. Ако од 9 март просечниот пад во сообраќајот над европското небо беше околу 10 проценти, во понеделникот на 16 март тој е 34%. Стрмоглаво опаѓаат прелетите. Се претпоставува дека ова ќе продолжи бидејќи државите се се построги во преземањето на мерките во борбата со вирусот. Ова е нормално бидејќи забраната за патувања е една мерка во спречувањето на ширењето на Корона вирусот, рече Тунтев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот