„Туарегот“ со кој избегаа напаѓачите од „Александар Палас“ бил украден

Според информациите од МВР, вчера бил извршен претрес во куќата на лице од Скопје, во врска со вооружената пресметка во хотелот „Александар Палас“.

Во веќе запалениот автомобил биле пронајдени и две автоматски пушки – Калашников, кои биле оставени пред Арачиново. МВР соопшти дека инцидентот се случил додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Во меѓувреме, весникот Коха дознава дека возилото било украдено во Скопје во март, а последен пат бил управувано од Арачиново во саботата навечер, за на крај да заврши во Арачиново, но овој пат запалено.

Табличките исто така биле украдени од друг автомобил, а како што објаснуваат извори на весникот, акцијата во саботата вечерта била планирана од порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот