Тројца американски полицајци фатени на снимка: „Ќе тргнеме во колеж на црн*ишта“

Фото: Илустрација/ЕРА

Дони Вилијамс, новиот шеф ан полицијата во Вилмингтон во Северна Каролина, кој е црнец, ги опиша на прес конференција разговорите како „брутално навредливи“.

Американски полицаец од Северна Каролина е отпушен откако со камера е фатен како говори дека „не може да дочека“ да тргне во „колеж“ на црнци во граѓанската, односно расната војна која според неговото мислење е неминовна.

44-годишниот полицец Мајкл „Кевин“ Пинер во снимениот разговор со колегите дал до знаење дека е уверен дека големите протести против полициско насилство и расизам, поттикнати од полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, ќе доведат до таква граѓанска војна.

„Јас сум подготвен“, му рекол на другиот полицец, 50-годишниот Џеси Мур.

„Само ќе излеземе надвор и ќе тргнеме во колеж на тие е*ени црн*ишта“, додава тој. Ќе ги збришеме од картата. Тоа ќе ги уназади некои четири или пет генерации“.

Пинер заедно со Мур и уште еден полицаец кој учествува во снимените расистички разговори, Џејмс „Брајан“ Гилмор, се отпуштени по интерната истрага, јави Вашингтон Пост. Сите тројца се белци.

Дони Вилијамс, новиот шеф на полицијата во Вилмингтон во Северна Каролина, кој е црнец, ги опиша на прес конференција разговорите како „брутално навредливи“.

„Говор исполнет со омраза, со реферирање на црнците како црн*ишта“

„Ова е најтежок и најисклучителен случај со кој сум се сретнал во својата кариера. Мораме да воспоставиме нови реформи за полициско делување овде и ширум земјата“, рече Вилијамс, кој должноста шеф на полицијата ја презеде во вторникот. Додаде дека разговорите содржеле „говор исполнет со омраза, со реферирање на црнците како црн*ишта“.

Освен тоа што го критикувале движењето „Црните животи се важни“, ја критикувале и преблагата реакција на протестите, како и црните колеги и него посебно. Пинер исто така се жалел на Гилмор, кој својот автомобил го паркирал до неговиот, па единствена грижа на неговата полициска управа була да „клекнува пред црнците“.

„Да видиме како неговите момчиња ќе се погрижат за него кога ќе загусти, да видиме дали можеби ќе добие куршум во чело“, рече за еден од црните колеги.

„Требаше таму да ѝ се испука куршум во чело“

Мур, кој во разговорот се вклучил телефонски, исто така фантазирал за ликвидација на црнци. „Требаше таму и тогаш да ѝ се испука куршум“, рече овој полицец за една цркиња која ја уапсил тој ден.

А разговорите се снимени и откриени – случајно. Двочасновната видеоснимка од автомобилот на Пинер е снимена со „случајна активација“, според полицискиот извештај. Надредениот на Пинер на 4. јуни ги прегледувал видеоснимките и случајно наишол на оваа, на која имал што да слушне.

Интересно е, кога Пинер му рекол на Мур дека ќе купи полуавтоматска пушка за престојната граѓанска воја и дека „не може да чека“ да тргне во „колеж“, Мур му одговорил: „Ти си луд“. Снимката се прекинува кратко после тоа.

Сите тројца полицајци во интерната истрага негирале дека се расисти. Се оправдувале тврдејќи дека само се „занесувале“, а за својот говор на омраза го обвиниле „стресот од денешната полициска работа“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот