Тројца повредени во сообраќајка на автопатот „Гоце Делчев“

Вчера во 11.10 часот на автопатот „Гоце Делчев”, пред клучка Коњари, скопско, патничко возило „БМВ” управувано од Б.П.(24) од Штип, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот