Тројца мажи седум дена биле заглавени на пуст остров, преживеале само со кокос, а ги нашле откако со листови од палма напишале „помош“

Тројца мажи спасени од пуст остров / Фото Принтскрин Си-Ен-Ен

Тројца морнари биле спасени од мал остров во Тихиот Океан, каде што биле блокирани повеќе од една недела, откако напишале „ПОМОШ“ со големи букви на бела, песочна плажа користејќи лисја од палми.

Спасувачката мисија на американската морнарица и крајбрежната стража исто така неочекувано се претвори во семејна средба, пишува Си-Ен-Ен.

Тројцата мажи планирале да ловат риба во водите на Тихиот Океан околу Атолот Пикелот, дел од Микронезија, на 31 март кога нивниот чамец бил odnesenод бранови и моторот на одборот бил оштетен, соопштија претставници на американската крајбрежна стража. Стигнале до брегот на ненаселениот остров, кој се простира на 12 хектари, но нивното радио останало без батерија пред да можат да повикаат помош. Затоа собрале палмини листови, ги наредиле за да напишат „ПОМОШ“ на плажата и чекале некој да ги забележи.

Крајбрежната стража сè уште официјално не ги објави нивните имиња. Тројката една недела живеела само на кокос, но за среќа имала свежа вода од мал бунар во околината, кој понекогаш го посетувале и рибари од регионот.

Потрагата по нив започнала на 6 април, кога еден од нивните роднини ги повикал спасувачките служби на американската пацифичка територија Гуам, наведувајќи дека не се вратиле откако заминале на риболов на остров оддалечен околу 150 километри, откако го започнале своето патување во недела на Велигден.

Архипелагот е дел од Сојузните држави на Микронезија, пацифичка нација помеѓу Филипините и Хаваите, која се состои од над 600 острови расфрлани на 2,5 милиони квадратни километри океан.

Крајбрежната стража соопшти дека сигналот за помош напишан на листовите од палма на плажата бил забележан на 7 април од извидувачки авион на американската морнарица П-8A, испратен од воздухопловната база Кадена во Окинава. Получник Челзи Гарсија, координатор на спасувачката мисија, рече дека овој сигнал е „клучен“ за нивно пронаоѓање во областа за пребарување која опфаќа повеќе од 165.000 квадратни километри.

– Овој генијален чин беше клучен во водењето на спасувачките напори директно до нивната локација – рече таа.

Авион на морнарицата ги фрлил комплетите за преживување на тројцата мажи и ја пријавил нивната локација во центарот за спасување. Еден ден подоцна, авион на крајбрежната стража ХЦ-130 од Хаваите го фрлил радиото, за да можат да кажат дека се во добра форма и само чекаат да се вратат дома.

Меѓутоа, кога бродот на крајбрежната стража „Оливер Хенри“ стигна до нив, приказната доби пресврт.

Еден од првите спасители на плажата бил полицаецот од втора класа Јуџин Халишлиус. Тројката беше изненадена кога сфатила дека тој е жител на Микронезија кој го зборувал локалниот јазик.

– На нивните лица можев да прочитам: „Кој е овој човек што може да го зборува нашиот јазик?“ – изјави Халишлиус за Си-Ен-Ен откако го вратил триото дома.

Кога му се претставил на првиот од тројцата кој стигнал до бродот за спасување, вториот останал шокиран – се испоставило дека се роднини.

– Ова е луд свет, открив дека сме во роднинска врска! Не можеше да поверува дека сум со крајбрежната стража во спасувачка акција – изјави Халишлиус.

Првиот му бул трет братучед, а другите двајца четврти братучеди. Интересно е и тоа што ова не е ни првото спасување од овој остров. Според Си-Ен-Ен, во 2020 година, тројца други мажи кои патувале меѓу два микронезиски острови излетале на брегот откако нивниот брод останал без гориво. Тие напишале „СОС“ на плажата, а сигналот бил забележан од екипажот на танкер што оперирал во близина на базата Андерсен во Гуам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот