ВИДЕО | Tрогателни сцени од Харков: Украинци клекнуваат да се молат на градскиот плоштад

Украинци се молат на градскиот плоштад/ Фото: Принтскрин

Клариса Вард од Си-Ен-Ен известува од Харков, Украина, каде што сведочи дека група луѓе се собираат за да клекнат и да се молат на градскиот плоштад неколку часа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за воена операција во Украина.

Видеото може да го погледнете тука.

Руски воени авиони се снимени како летаат над украинските градови. Утрово Владимир Путин објави дека е почната специјална воена операција во Донбас, во источна Украина.

Тој ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици што никогаш не ги виделе“.

Ја повика и украинската армија да го остави оружјето.

Социјалните мрежи се преплавени од снимки и фотографии од експлозии низ цела Украина. Драматично е во Харков, кој го надлетуваат руски авиони.

ВО ЖИВО | Украина под напад од Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот