Тринаесетмесечното бебе со морбили е на домашно лекување и во добра состојба, КЗБ донесе препораки за следење на состојбата

Тринаесетмесечното бебе од Свети Николе кај кое беа потврдени морбили денеска е пуштено на домашно лекување и е во добра здравствена состојба. Како што денеска изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, не се очекува да има никакви последици по здрвавјето на детето.

Во таа насока, д-р Мехмедовиќ денеска соопшти дека Комисијата донела неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаи со морбили коишто би можеле да се очекуваат во иднина во нашата земја.

Првата и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин ќе можеме побрзо да го ублажиме процесот на новодетектираните случаи. Второ да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоење на морбили во државата, трето матичните лекари, педијатрите и инфектолози внимателно да ги следат симптомите карактеристични за морбили и истите да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје, а суспектните случаи да ги препраќаат на специјалисти, појаснува портпаролот на КЗБ.

Додаде дека сите материјали што ќе бидат земени од суспектните случаи треба да бидат испратени до референтната лабораторија за јавно здравје за дефинитивна дијагноза.

Д-р Мехмедовиќ потецнираше дека потребно е да се направи и дополнителен преглед во документација на сите оние кои не се вакцинирани деца со цел да се покрјат и тие дупки што можат да бидат причина за појава на нови случаи и додава дека треба да се засили процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на вакцината бидејќи е најефикасен начин за контрола на морбилите.

На прашањето дали се знае изворот на инфекција кај 13-месечното бебе, тој истакна дека пред да се појават симтомите детето било на Клиниката за очни болести поради инфекција на очите, а потоа било испратено на испитувања во Институтот за микробиологија и Центаротза јавно здравје веќе работи на епидемиолошка анализа за да истражат дали има потенцијални случаи коишто би можеле да ја пренесат инфекцијата.

Сега во моментов нема дополнителни суспектни случаи. Се уште е актуелно законското решение дека оваа вакциНА е задолжителна и тоа треба да се почитува, невакцинирањето на детето меѓу другото има и правни последици ние секако како КЗБ апелиравме дека децата треба да се вакцинираат за да се заштити нивното здравје, додаде портпаролот на КЗБ.

Регистриран е прв случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот