Регистриран е прв случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе

Прв случај на морбили е потврен кај 13 месечно бебе од Свети Николе. Хоспитализирано е во Штипската болница.

„Вчера имаше официјална потврда, бебето е хоспитализирано пред неколку дена. Утре ќе се дискутира подетално за овој случај во Комисијата за заразни болести“, вели портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ.

Доктор Мехмедовиќ додава дека детето не е вакцинирано, но според него мали се шансите да пренесе ситни сипаници, бидејќи бебето не било во контакт со други деца.

Бебето е во добра здравствена состојба е, прво било хоспитализирано на Одделението за детски болести во штипската Клиничка болница, а потоа по појавата на осипот е изолирано на Инфективното одделение. Се уште не јасно на кој начин е заразено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот