Тегли со зимница / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Мака мачите со отворање тегла од зимница? Овој кујнски предмет го решава проблемот за секунда

Сигурно сите барем еднаш сме се нашле во ситуација кога обична тегла ни ги тестира трпението и силата. Наизглед едноставна задача, да се отвори капак, се претвора во вистинска борба: рацете се лизгаат, капакот не мрда, а фрустрацијата расте од секунда во секунда. Обично пробуваме сè: удираме со лажица по работ, завиткуваме крпа околу капакот или бараме некој друг да се обиде наместо нас.

Но, според еден вирален трик, за оваа мака ви е потребен само еден кујнски предмет.

Жена на ТикТок покажа колку лесно може да се отвори тегла и тоа без никаков напор. Корисничката Лејла Дејзи, која има речиси 100 илјади следбеници, дури не ни станала од столчето додека ја отворала теглата со кисели краставички, покажувајќи дека решението е навистина едноставно, пишува „Дејли експрес“.

„Еве мал водич како ги отворам јас теглите. Превртете ја теглата наопаку и ставете нож под капакот. Не го врти ножот настрана, туку од себе. Пуштете малку воздух и тоа е сè“, објаснува таа во видеото.

Трикот не ве чини ниту денар, а може да ви заштеди нерви и време. Во коментарите под видеото, многумина ги споделија своите искуства.

„Јас го правам истото, но без да ја превртам теглата наопаку“, напиша една корисничка. „Јас едноставно го дупчам капакот“, додаде друга.

Некој се пошегува дека теглите се отвораат со помош на сопрузите, додека друг корисник предложи побезбедна варијанта – наместо нож, да се користи лажица, за да се избегне повреда.

@leyla___daisyFor everyone asking how I open my jar in every video haha this is how! You don’t have to do it this way just showing you how I do it for everyone asking♬ original sound – Leyla 🌙

Киселите краставички имаат цела низа здравствени придобивки, но и една лоша страна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот