Триесетина пијани кумановци возеле автомобили

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Кумановската полиција за време на викендот исклучила од сообраќај 64 возачи, од нив 29 возеле под дејство на алкохол, а 35 управувале возила пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово. Полицијата, исто така, регистрирала и дека со поголема брзина од дозволеното возеле 21 возач.

СВР Куманово информира дека од сообраќај биле исклучени 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани, а  четири технички биле неисправни. Санкционирани биле и двајца возачи поради неправилно престигнување и по еден возач, поради недавање првенство на пешаци,  не користење сигурносен појас и користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Во текот на изминатата недела издадени биле 195 мандантни платни налози, 101 прекршочен платен налог, а 89 возила биле подигнати со специјално возило „пајак”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот