Тричлена работна група ќе ја испитува прославата на „Шверцери”

Фото: Фејсбук

Работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар, Симона Угриновска ќе треба да го испитаат начинот на кој е спроведена прославата на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери” во МНТ минатиот петок.

Ова беше одлучено на денешната владина седница, а тричлената работна група, премиерот Зоран Заев ја задолжи состави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот во Националната Установа МНТ.

Во извештајот треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот