Три пати повеќе пријавени болни и изнемоштени лица за гласање во кочанскиот регион

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најголем број од граѓаните кои ќе гласаат на 14 јули, вкупно 187 – се во Кочани, додека 97 во Виничко, а најмалку – 18 во општина Зрновци.

Вкупно 345 болни и изнемоштени лица од општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како и петмина жители на Кочани кои се во самоизолација поради Ковид-19, ќе гласаат во домашни услови.

Во споредба со минатогодишните претседателски избори, кога имаше 113 лица, евидентиран е тројно поголем број на пријавени болни и изнемоштени во четирите општини за претстојното гласање.

Од општинските изборни комисии потврдија дека во законскиот рок до нив биле поднесени вкупно 364 пријави, но дваесетина се одбиени затоа што не ги исполнувале потребните критериуми.

Најголем број од граѓаните кои ќе гласаат на 14 јули, вкупно 187 – се во Кочани, додека 97 во Виничко, а најмалку – 18 во општина Зрновци.

На избирачкиот список во четирите општини се запишани околу 58 илјади граѓани со право на глас, кои своето избирачко право ќе го остварат на 103 гласачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот