Три министерства, три заменички места и уште 40 функции: што добива Алтернатива со влезот во власта

Зоран Заев и Африм Гаши
Средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската Алтернатива Африм Гаши/ август 2020 година / фото: Архива

Договорот за влегување на Алтернатива во власта, кој го постигнаа премиерот Зоран Заев и лидерот на партијата Африм Гаши, предвидува Алтернатува да добие три министерски места, три функции заменик-министер, како и потпретседател на Собранието и уште 40 функции.

Повеќе медиуми денеска објавија листа со 47 функции на кои ќе бидат поставени кадри на Алтернатива:

1. Министерство за здравство
2. Министерство за информатика
3. Заменик-претседател на Собранието
4. Министер за дијаспора
5. Заменик-министер за култура
6. Заменик-министер за земјоделство
7. Заменик-министер за земјоделство или транспорт или за финансии
8. Директор на МЕПСО
9. Директор Железници-Транспорт
10. Директор на Клиничката болница-Тетово
11. Национален граничен координатор
12. Директор на Пензискиот фонд
13. Директор на Централен регистар
14. Заменик-директор во Државниот испитен центар
15. Директор на Инспекторатот за локална самоуправа
16. Директор на Социјален центар-Скопје
17. Заменик-директор во Службен весник
18. Директор на затворот „Идризово“
19. Директор на Агенцијата за странски инвестиции
20. Директор на Агенцијата за претприемништво
21. Директор на Природно-математички музеи
22. Директор на Институтот за културно наследствo
23. Директор на Институтот за стандардизација
24. Директор на ТеатарГостивар
25. Директор на Тетовската библиотека
26. Директор на Агенцијата за млади и спорт
27. Заменик-директор во Државниот завод за индустриска сопственост
28. Помошник-министер во МВР
29. Раководител на сектор во МВР
30. Раководител на сектор во Царина-Охрид
32. Началник за земјоделие во Долнени
33. Директор на Агенцијата за вработување во Струга
34. Директор на Кино Струга
35. Директор на Сектор во СВР Тетово
36. Директор на Клиника во Скопје
37. Управен одбор, членови
38. Надзорен одбор, член
39. Директор на Испитен центар
40. Управен совет на Агенција за патишта
41. Надзорен совет на Агенција за патишта
42. Управен одбор во железничка инфраструктура
43. Управен одбор на Аеродром
44. Управен одбор во Пошта
45. Надзорен одбор во Пошта
46. ​​Управен совет во Агенцијата за пасишта
47. Директор на Државен архив-Струга

Во изјавата по потпишувањето на документот со кој Алтернатива стана дел од власта, лидерот на партијата Гаши не ја потврди директно точноста на наведените функции и рече дека дополнително ќе се утврдуваат директорските, раководителските и другите функции од пониските ешалони на власта.

Видео на денот