Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Три милиони евра помош од Обединетите Арапски Емирати за Албанија

Обединетите Арапски Емирати ќе донираат три милиони евра помош за Албанија за жртвите од силниот земјотрес што ја погоди земјава на 26 ноември 2019.

Хуманитарната помош ќе биде испратена од Шејх Мохамад Бин Зејд Ал Нахјан и Заменик врховниот командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати.

Од првиот ден од испратената помош која ги опфаќа основните елементарни потреби како храна, медицинска опрема и домување ќе профитираат 550.000 луѓе.

Луѓе на Брзата помош на Арапските Емирати ќе патуваат до Тирана оваа недела, за да го следат текот на распределба на помошта во настраданите места.

Тие исто така ќе ги испитаат хуманитарните услови во градовите погодени од земјотресот за да оценат кои работи се најпотребни и да се координираат со локалните власти за механизмите и начинот на кој може да помогнат.

Обединетите Арапски Емирати даваат помош за Албанија, како дел од нивната меѓународна одговорност да се помогне на оние кој што имаат потреба од помош, и како дел од нивната надворешна политика ориентирана кон хуманост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот