Тренерот на Севиља ја заработи најголемата суспензија во историјата на Ла Лига
Тренерот на Севиља, Матијас Алмеида, се соочи со историска казна во Ла Лига, откако дисциплинските органи му изрекоа суспензија од дури седум натпревари што е највисока досега во историјата на најсилната шпанска лига.
Препорачано
Инцидентот се случи во финишот од дуелот против Гетафе, кој заврши 1-1. Во 85. минута, темпераментниот Аргентинец бурно реагираше кон главниот судија Матијас Хесус, по што заработи директен црвен картон.
Според извештајот, причините за драконската казна се повеќекратни, жестоки протести, навредливи зборови, несоодветно однесување и шутирање на топката во знак на револт.
Од клубот експресно реагираа со соопштение во кое му дадоа целосна поддршка на својот стратег и најавија жалба на одлуката, со надеж дека казната ќе биде намалена.
Доколку санкцијата остане на сила, Алмеида ќе може повторно да седне на клупата дури на 22 април, кога Севиља ќе се соочи со Леванте.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


