Тренерот на Медведев ја откри победничката тактика против Ѓоковиќ

Добриот сервис на Медведев беше еден од клучните сегменти, Русинот сервираше феноменално/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Слична тактика некогаш користеше и Швајцарецот Станислас Вавринка, кој четирипати го победи Новак Ѓоковиќ на Грен Слем турнирите.

Данил Медведев успеа нешто што никој не успеа во оваа година, тој го победи Ѓоковиќ на Грен слем и го спречи да ја испише историја и да стане најтрофејниот грен слем шампион и првиот човек што го заврши календарскиот грен слем по Род Лејвер во 1969 година.

Медведев беше посвеж, помина пет часа помалку на теренот од Новак до финалето на „УС Опен“, а имаше и многу повеќе време за одмор по полуфиналето, што секако влијаеше на исходот на финалето.

Очигледно беше дека српскиот ас не беше физички на највисоко ниво, но дополнително беше погоден од одличната игра на Русинот кој сервираше неверојатно добро и прецизно, со голем ризик на вториот сервис, кој честопати беше брз како и првиот.

Медведев имаше сериозна подготовка за ова финале, а имаше одлична лекција од финалето годинава на „Австралија опен“, каде со 3:0 во сетови беше совладан токму од Ноле.

После тоа, извлече поуки со својот тренер Жил Сервар кој откри како изгледаше подготовката за финалето во Њујорк (САД) против Ѓоковиќ.

Медведев: Ѓоковиќ за мене е најдобриот во историјата на тенисот

– По финалето во Мелбурн, имавме впечаток дека Данил го немаше тој внатрешен „оган“ за да покаже дека ја покаже својата игра да биде посилен, особено против играчи како Новак. Тоа беше нешто што мораше да се смени во ова финале за да го одведе на повисоко ниво. Нашето чувство беше дека Данил е подготвен да се натпреварува во своето најдобро издание. Би рекол дека клучот за сè беше во психолошкиот дел, во енергијата – рече тренерот на рускиот тенисер.

Подоцна откри дека планот бил Медведев да го нападне Новак во средината на теренот што е можно повеќе, бидејќи тоа е тактика што не му одговара, кога се движи напред-назад, наместо лево-десно кога се погодуваат аглите на теренот, нешто што повеќе му се допаѓа на Србинот. Таквата тактика некогаш ја користеше Станислас Вавринка, кој четирипати го победи Новак на Грен Слем турнирите.

– Што се однесува до играта, имавме неколку стратегии. Особено да се игра повеќе кон средината. Да не се отвора премногу агол и се трча многу од една на друга страна. Ова не е магија. Лесно е да се каже, но не е лесно да се спроведе во пракса. Мора да играте на највисоко ниво и да имате квалитет во ударите. Исто така, треба да се има предвид дека оваа стратегија може да се промени за време на мечот, бидејќи Новак би се прилагодил. Треба да бидете внимателни за да знаете што да правите во секое време. Данил имаше неколку стратегии за различни ситуации. Добриот сервис беше еден од клучните сегменти и тој сервираше феноменално – вели Сервар.

Медведев: Ѓоковиќ за мене е најдобриот во историјата на тенисот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот