Тренчевска најави нов општ колективен договор, за платите во администрацијата постојано да растат

Фото: МИА

Новиот општ колективен договор во јавниот сектор, на кој се работи, ќе обезбеди поголеми права за работниците, а новата методологија ќе обезбеди постојан раст на платите на вработените, рече вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, дека тоа ќе биде системско решение кое нема да зависи од ничија политичка волја.

Таа, во емисијата „Топ тема” на „Телма“ рече и дека новиот општ колективен договор за јавниот сектор ќе биде потпишан до крајот на годината.

Министерката посочи дека новиот Закон за работни односи е системски закон и устав за работничките права. Тој, како што истакна Тренчевска, ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права.

– Новиот закон е во завршна фаза и очекуваме во месец ноември да излеземе на јавни дебати со вклученост на сите страни. Го работиме низ социјален дијалог со синдикатите и работодавачите, кој треба да биде усогласен со европските права и со конвенциите ратификувани со МОТ. Новина се договорите на определено време, на кои важноста сега им е пет години. Предлогот на синдикатите е намалување на една година, а на работодавачите три години. Верувам дека ќе се најде компромис, нагласи Тренчевска.

Министерката рече и дека „социјалниот дијалог со синдикатите е жив и продолжува“. Таа додаде дека „во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците“.

– Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 18.000 денари. Тоа се двојно зголемени плати и двојно повисоки приходи за работниците, посочи Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот