Тренчевска: Доцнат платите во градинките заради доцнењето во доставувањето на податоците

Фото: МИА / илустрација

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.

– Платите ги потпишав вчера. Доцнеа заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите. Платите го подготвуваат стручните лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во градинките, кои поради покачувањето од 15 проценти на платите на давателите на јавни услуги мораа да прават нова пресметка и наместо до 15-ти, еве малку доцни, рече Тренчевска на настанот на која беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции” од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година.

Таа истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.

– Врз основа на нивните пресметки, ние го правиме електронскиот систем кај нас и ја праќаме платата во трезор, рече Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот